top of page

Мојата приказна започнува...

Во градот под Марковите Кули- Прилеп, 1998 година, доцните часови на дваесеттиот ден од пролетниот месец мај, биле обележани со моето раѓање. Прва радост на моите родители кои ме почестија со весело и безгрижно детство.

После палавите детски игри...

Со основно образование се здобив во ООУ„РампоЛевката“- Прилеп. Со одличенуспех,(просек 5.00), полн со ентузијазам и желба за знаење одлучив средното образование да го продолжам недалеку, во СОЕПТУ „КузманЈосифоски-Питу“ во Прилеп. Избрав насока банкарски техничар – за да бидам банкар, да научам за банките, да работам во банка... Сега сум на крај од четиригодишниот циклус на средношколско образование. Овие четири години поминаа бргу, беа интересни, забавни и плодни, а јас на крајот навистина се чувствувам како банкарски техничар.

Мојата визија

Можам да се видам себе си како со задоволство патувам до моето работно место. Таму ме очекува пријатно опкружување и предизвици за решавање. На патот до оваа дестинација има некои чекори кои треба да ги совладам: Заоколу две години се гледам како студент на Економскиот факултет во Прилеп. Во мојата визија, таму ќе ги надградам моите знаења, ќе стекнам нови вештини и искуства и ќе стекнам нови пријатели. На дестинација од некои 5 до 6 години, се наоѓам во мојата канцеларија. Пријатно се чувствувам во оделото и вратоврската, кои беа дел од мојата мисија. Ги советувам граѓаните како успешно да управуваат со своите пари. Работам со расположливите парични средства. Од моите погледи кон иднината сфаќам дека прибирањето на чување пари од граѓаните, одобрувањето на кредити на населението, работата на благајна, потполнување налози и обрасци и сите други активности поврзани со банкарското работење, се оние кои ме исполнуваат и ме прават заинтересирана и одговорна личност.

Мојата мисија

Мојата мисија ја определи мојот избор -економијата, попрецизно банкарството. Некогаш мисијата беше да работам во банка, да носам одело и вратоврска... Но денес, кога согледувам дека идејата за банкарско работење всушност ме исполнува и ми отвара патишта за целосно да се докажувам, не ја испуштам оваа можност и мојата мисија продолжува.

bottom of page