top of page

Голем предизвик и сатисфакција за мене беше укажаната чест да го претставувам моето училиште на натпреварот за лидер на струка. Тоа значи дека моите професори веруваат во квалитетот на знаењата со кои сум се здобил во изминатите години и ми ја дале довербата да го претставувам профилот банкарски техничар.

http://kjpitu.edu.mk/component/content/article/76-novosti/508-soeptku-kuznam-josifoskipitu-proekt-lider

Лидер на струка

На Образовното рандев во организација на МАССУМ, секој си има своја категорија во која е умешен, силен, исполнителен.

Јас требаше да ги искажам моите ораторски вештини во категоријата јавно говорење. Ми требаа многу зборови и јавен настап.

Другата моја умешност ја претставија манекенките од моето училиште. Тие гордо ги носеа фризурите, со кои, на мое и на нивно уживање, ги украсив нивните убави глави.

Учество на Образовно рандеву

- Говорник и фризер

Работилница на практична настава

Низ работилниците од програмата за практична настава, научив како да изработам CV,да напишам мотивационо писмо и се подготвувавме на забавен начин за интервју за работа. 

 

Од програмата „Учење преку работа“ понесов поголема самодоверба и нови вештини за активно барање работа.

 

 

Новогодишен панаѓур

Новогодишниот панаѓур е традиционален настан. Ние, членовите на младинската организација, тука ги презентираме нашите вештини преку изработените производи, кои ги нудиме на продажба.

Меѓународна соработка

Како членови на англиската секција бевме домаќини на гостите од Полска. Забавно беше да комуницираме додека изработувавме украси.

Моменти за уметност

Денот на патронот на училиштето го одбележуваме со пригодна програма. Мојата уметничка страна доби сатисфакција во групата за модерен балет.

bottom of page